Хрватска: Просечна плата за септември 1.456 евра

Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Република Хрватска за септември 2025 година изнесувала 1.456 евра, што е номинално повисока за 0,7 проценти, а реално за 0,3 проценти во споредба со август, додека во споредба со септември 2024 година е номинално повисока за 10,1 процент, а реално за 5,7 проценти, објави во четврток Државниот завод за статистика.

Највисоката просечна месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица за септември е исплатена во воздушниот транспорт, во износ од 2.409 евра, а најниската во производството на облека, во износ од 936 евра.

Средната нето плата за септември изнесувала 1.260 евра. Ова значи дека половина од вработените кај правните лица имале плата до тој износ, а половина над неа.

Средната плата за септември е повисока за 1,2 проценти во споредба со август, а за 11,6 проценти во споредба со септември минатата година.

Просечната месечна исплатена нето часовна плата за септември изнесуваше 8,17 евра, што е за 3,1 процент пониско отколку во август и за 5,4 проценти повеќе од истиот месец од претходната година.