
Просечната цена по квадратен метар на новоизграден стан во Црна Гора во третиот квартал од 2025 година изнесувала 2.228 евра, според прелиминарните податоци од Заводот за статистика (Монстат).
Во Подгорица, квадратен метар на нов стан, во просек, чини 2.153 евра, на крајбрежјето 2.458, а во северниот регион 1.578 евра.
Во централниот регион, кој ги опфаќа општините Цетиње, Даниловград, Никшиќ, Тузи и Зета, не е регистрирана продажба на новоизградени станови.














