Цените на нафтата нагло паднаа

Цените на нафтата, нагло паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово падна за 1,20 проценти, на 62,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,36 проценти, на 58,20 долари.

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се намали, но сепак е на пат кон добивка оваа недела од околу 0,8 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 100,13 поени, додека вчера во ова време беше 100,25 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,45 на 157,40 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1535 долари, додека вчера во ова време беше 1,1510 долари.