Словенија го внесе кешот во Уставот: Готовината доби највисоко ниво на заштита

Словенечкиот парламент усвои уставни измени кои го вклучуваат правото на директно користење на физичкa готовина во Уставот, со што Словенија е една од ретките европски земји кои уставно ги штитат готовината во ерата на забрзана дигитализација на парите. Одлуката е донесена со двотретинско мнозинство, со силна јавна поддршка.

Народното собрание го одобри Уставниот закон за измена на третата глава од Уставот со 67 гласа „за“ и еден „против“, врз основа на кој правото на плаќање во готовина ќе биде внесено во Уставот. Иницијативата за ова ја даде здружението „Повезани смо“, кое во ноември 2023 година достави 56.267 потписи до собранието за вклучување на ова право во Уставот. Се очекува Народното собрание да го прогласи законот на 1 декември.

Како што објасни здружението, тие сакаат јасно да ја заштитат физичката готовина. Според нивното верување, терминот готовина секогаш мора да се однесува на пари во физичка форма. Ова спречува дигиталните форми на пари, како што се електронските пари, криптовалутите или дигиталното евро, да се сфаќаат како готовина во иднина.