
Компанијата „Џенерал Траст“, издавачот на британскиот весник „Дејли Меил“, се согласи да го купи весникот „Телеграф“ за 500 милиони фунти, објавува британската новинска агенција PA Media.
Компанијата „Ред Берд ИМИ“ пронајде купувач откако претходно конзервативната британска влада ја спречи продажбата на „Телеграф“ на инвестициска компанија од Абу Даби.
„Џенерал Траст“ и „Ред Берд ИМИ“ сега влегоа во период на ексклузивни разговори за финализирање на договорот и подготовка на регулаторни поднесоци. Компаниите изјавија дека очекуваат процесот да се случи брзо.
„Џенерал Траст“ им вети на вработените во „Телеграф“ потребна безбедност и доверба по долгиот процес на преземање.













