
Деловната клима во Германија малку се влоши во ноември, бидејќи компаниите се повнимателни во врска со развојот на својот бизнис во иднина, според извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања Ифо со седиште во Минхен.
Вредноста на индексот, кој го мери деловното расположение на германските компании, падна во ноември од 88,4 поени во октомври на 88,1 поен.
Компаниите во Германија се малку позадоволни од тековното работење отколку во октомври, но очекувањата за наредните месеци дополнително ослабнаа, покажува истражувањето.











