
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека денес, 25 ноември 2025 година, на полноќ истекува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за тековниот даночен период.
Според податоците на УЈП, досега се поднесени 5.312 пријави, што претставува 68,6% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да го направат тоа.
Од Управата апелираат до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја испочитуваат законската обврска за поднесување и плаќање на ДДВ-то.
Навремено поднесувањето на ДДВ-04 пријавата е од исклучително значење за:
правилно усогласување со даночните прописи,
одржување на финансиската стабилност на бизнисите,
избегнување на дополнителни трошоци, камати и санкции.
УЈП предупредува дека ненавременото поднесување може да доведе до финансиски последици за фирмите и поединците, па советува сите даночни обврзници да ја завршат оваа обврска пред истекот на рокот.











