
Данската фармацевтска компанија Ново Нордиск се соочи со голем пад на вредноста на своите акции откако објави дека оралната верзија на нивниот лек за слабеење Оземпик не успеала да го забави напредувањето на Алцхајмеровата болест во две големи студии.
Пациентите кои го земале лекот, пишува „Гардијан“, немале побавно напредување на болеста, со што се разбиени надежите за нова намена на лекот за дијабетес, исклучително успешен во однос на продажбата.
Акциите на берзата „Ново Нордиск“ котирани на берзата во Копенхаген паднаа за повеќе од 10 проценти во раното тргување во понеделник, пред малку да се опорават и да го завршат денот со пад од 5,8%.
Претходните студии сугерираат дека стапката на деменција е помала кај луѓето со дијабетес тип 2 кои земаат лекови како семаглутид, во споредба со оние на кои им е даден плацебо. Алцхајмеровата болест, прогресивна болест која може да предизвика губење на меморијата, проблеми со говорот и промени во личноста, е многу предизвикувачка област на развој на лекови, а „Ново Нордиск“ ги опиша гореспоменатите студии како „лотарија“.











