
Компанијата Реплек АД Скопје објави ценовно чувствителна информација согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза, со која се евидентираат промени кај акционери што поседуваат над 5% од вкупниот број акции.
Според објавата, Отворениот задолжителен пензиски фонд „САВА пензиски фонд“ се стекнал со 70 нови акции, со што неговиот вкупен удел се зголемува на 16.863 акции, односно 6,51% од вкупниот број издадени акции на компанијата.
Истовремено, друг акционер со над 5% – НАСТЕЛ ДООЕЛ – продал 450 акции, по што неговиот вкупен удел се намалува на 15.500 акции, односно 5,98% од вкупниот број на акции.
Просечната цена по која се тргуваат акциите на Реплек изнесува 15.875 денари.











