
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се лизна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,43 поени, додека вчера во ова време беше 99,67 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,75 на 155,90 јени.
Сепак, американската валута ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1605 долари, додека вчера во ова време беше 1,1585 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, изгубија дел од вчерашните добивки. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се лизна за 0,52 проценти, на 62,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,49 проценти, на 58,35 долари.











