
Од денес, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.
Просечната пензија со ова зголемување ќе изнесува околу 437 евра.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во недела изјави дека одредени најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари за зголемување на пензиите не се точни и истакна дека почнувајќи од денес, пензиите ќе бидат зголемени за 12,2 проценти и дека првите поголеми пензии ќе бидат исплатени пред божиќните празници, односно на 4 или 5 јануари.











