
Турската економија порасна за 3,7 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2025 година, забавувајќи го растот од 4,9 проценти во претходниот квартал, што, според аналитичарите, ја зголемува веројатноста дека централната банка на земјата TCMB ќе ги намали каматните стапки.
Резултатот не ги исполни очекувањата на експертите кои прогнозираа раст од 4,2 проценти на годишно ниво во третиот квартал, објавува Bloomberg.
На квартално ниво, турската економија забележа раст од 1,1 процент, што е над прогнозата од 0,5 проценти, но сепак помалку од 1,6 проценти во вториот квартал.











