
По еден турбулентен месец за технолошките гиганти и вештачката интелигенција, „Алфабет“ се издвојува како најголем победник. Толку многу што аналитичарите веќе шпекулираат дека во 2026 година би можела да заврши како највредна компанија во светот.
Потписот на Бафет менува сè
Сопственикот на „Гугл“ блесна кога другите се колебаа. За тоа може да се заблагодари на неочекуваната и многу интригантна инвестиција од „Беркшир Хатавеј“, компанијата на Ворен Бафет.
Ако „Беркшир“, симбол на вредносно инвестирање и претпазливост, инвестира во вештачка интелигенција преку „Алфабет“, тогаш приказната за пренадуен меур на вештачка интелигенција звучи значително послабо. Тоа е сигнал што инвеститорите тешко го игнорираат.
„Џемини 3.0“
„Алфабет“ направи огромен скок во последните недели и го престигна „Мајкрософт“ во рангирањето на технолошките гиганти. Главна причина: „Џемини 3.0“. Модел што многумина го опишуваат како можеби најнапреден во индустријата, дури и пред „ЧатГПТ“.
Следната жртва Нвидиа?
Доколку „Алфабет“ продолжи да ја проширува употребата на „Џемини“ и да отвора нови канали за монетизација, особено преку екосистемот на „Епл“, тезата дека компанијата би можела да стане највредна во светот веќе следната година звучи сè поточно.
„Нвидиа“, моментално титанот на врвот, нема лесно да биде соборена. Но, моментумот е на страната на „Гугл“.
Играта со вештачка интелигенција влезе во нова фаза, а „Алфабет“ се чини дека е играчот што го диктира темпото, заклучува 247WallSt.com.











