
Германскиот државен снабдувач со енергија SEFE објави дека потпишал договор за снабдување со течен природен гас од 2027 година со аргентинската компанија Southern Energy.
SEFE ќе купува два милиони тони течен природен гас (LNG) годишно од аргентинската компанија во период од осум години, почнувајќи од 2027 година, се вели во соопштението.
Договорениот обем претставува приближно една третина од идното годишно производство на LNG на аргентинската компанија. Вредноста на договорот е седум милијарди долари, изјави извршниот директор на акционерот на Southern Energy, YPF, Хорасио Марин. YPF е државна нафтена компанија на Аргентина.
Голем проект
Southern Energy е основана во 2024 година и има намера да го започне првиот голем проект за извоз на LNG во Аргентина, кој ќе вклучува два пловечки терминали со вкупен капацитет од околу шест милиони тони годишно.












