
Европските берзански индекси денес се мешани, но атмосферата на пазарите е нешто попозитивна откако американските индекси повторно почнаа да растат при затворањето на пазарот.
Историски гледано, декември е добар месец за американските акции, а оптимизмот е дополнително поткрепен со очекувањата дека Федералните резерви (ФЕД) ќе ги намалат референтните каматни стапки на состанокот за монетарна политика на 10 декември, објавува CNBC.
Инвеститорите денес ќе анализираат податоци за заработката на шпанската модна компанија Inditex, инфлацијата во Швајцарија, како и економската активност во услужниот сектор на Италија и Шпанија.











