
„Интер ИКЕА Груп“, сопственик на брендот за мебел ИКЕА, одлучи да купи околу 24.000 хектари шуми во Латвија и Литванија.
Шумите ќе бидат купени од финската фирма за приватен капитал „КапМан Натурал Капитал“, која денес го објави планираното купување, објави „Ројтерс“.
„Страните очекуваат да го финализираат договорот, за кој се потребни регулаторни одобренија, во првата половина од 2026 година“, се наведува во соопштението на „КапМан Натурал Капитал“.











