Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна втор ден по ред, на најниско ниво за речиси пет недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,92 поени утрово, додека вчера во ова време беше 99,20 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,70 на 155,55 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1655 долари, додека вчера во ова време беше 1,1640 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,57 проценти, на 63,05 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,68 проценти, на 59,35 долари.