
Ваучер, играчка или книга? Луѓето во Германија користат и апликации за вештачка интелигенција (ВИ) за совети за подароци за Божиќ и Нова Година.
Вештачката интелигенција ја користат како советник 29 проценти од луѓето, според студијата на истражувачката фирма NIQ. Уделот е особено висок кај младите луѓе и семејствата со деца.
ВИ станува „елф на Дедо Мраз“
Во групата на возраст од 18 до 29 години, уделот е 48 проценти, кај оние на возраст од 30 до 39 години 45 проценти, пренесува ДПА.
Меѓу семејствата со деца, 44 проценти користат вештачка интелигенција за да пронајдат идеи за подароци, додека за другите, овој процент е само 23 проценти.
„Родителите често се под голем временски притисок и мора да координираат поголема и поразновидна листа на желби за подароци“, рече Матијас Фридрихс, експерт за потрошувачки трендови на NIQ.
Алатките за вештачка интелигенција помагаат брзо да се добијат релевантни предлози што ги земаат предвид буџетот и интересите. Околу 1.000 луѓе беа анкетирани од NIQ за истражувањето.
Разлики се забележуваат и според образованието. Подароци со помош на вештачка интелигенција бараат 35 проценти од луѓето со завршено средно или универзитетско образование и 25 проценти од испитаниците со пониско или средно образование.











