
Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на северна Македониja г-дин Бранко Азески, Стопанска комора на северо-западна Македонија г-дин Нухи Алиу и преседателот на ССКМ Горан Ѓорѓиевски.
На средбата се отвориле повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој во одредени економски гранки бележи стагнација.
Предизвиците кои сè повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси, сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат претcавени пред македонската влада.













