Пресврт: Дали дизелите и бензинците добиваат втора шанса?

Забраната за продажба на нови бензински и дизел автомобили во Европската Унија би можела да се одложи до 2040 година. „Тајмс“ објави дека високи раководители на автомобилската индустрија приватно потврдиле дека наскоро би можело да се објави соопштение. Така, забраната што требаше да важи од 2035 година би можела да се одложи.

Тим Тозер е поранешен раководител на „Воксхол“, „Мазда“ и „Мицубиши“ во Велика Британија, а сега е претседател на компанијата за осигурување автомобили „Алијанц“. Тој за „Сандеј Тајмс“ изјави дека има сигурни информации дека Европската комисија ќе додаде уште пет години на својот рок. Ова би значело дека од 1 јануари 2040 година, сите нови возила ќе мора да бидат исклучиво електрични или напојувани со други технологии со нулта емисија.

Иако германските производители на автомобили отворено го изразија своето противење на забраната, некои други производители на автомобили кои сè уште се на патот кон целосно електрифицирање на своите производи ја повикуваат ЕУ да остане цврста.

Извршниот директор на „Волво“, Хакан Самуелсон, неодамна изјави:

– Не гледам логика во забавувањето.