
Расположението на европските берзи е слабо денес и покрај одлуката на американската централна банка ФЕД да ги намали каматните стапки за 25 базични поени во опсег од 3,5 до 3,75 проценти.
ФЕД ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, но посочи дека банката претпазливо ќе пристапи кон понатамошно олабавување на монетарната политика во 2026 година, објавува CNBC.
Швајцарската национална банка денес го објави своето најново ажурирање на монетарната политика и ги задржа каматните стапки на 0 проценти, а следната недела, на 18 декември, ќе ги добиеме одлуките за каматните стапки од Банката на Англија и Европската централна банка.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,18 проценти на 24.065,94 поени денес во 9:30 часот наутро, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,08 проценти на 8.029,12 поени, британскиот FTSE 100 за 0,07 проценти на 9.659,95 поени, а московскиот MOEX за 1,01 процент на 2.744,95 поени.
Европските фјучерси за гас за јануари беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 27 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 57.979 долари, а цената на нафтата Брент на 61.742 долари.
Цената на златото падна на 4.215,13 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,1965 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16966 долари, што е за 0,04 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











