
Централната банка на Турција (TCMB) денес ја намали референтната каматна стапка за 150 базични поени на 38 проценти, што претставува четврто последователно намалување на каматните стапки.
Стапката по која централната банка одобрува краткорочни заеми на комерцијалните банки беше намалена на 41 процент, а стапката за депозити преку ноќ кај централната банка на 36,5 проценти.
Одлуката беше донесена на состанокот на Комитетот за монетарна политика (MPC) со кој претседаваше гувернерот Фатих Карахан.











