
Централната банка на Русија има намера да ја надомести штетата предизвикана на рускиот регулатор од белгискиот депозитар „Евроклеар“ и поднесе соодветна тужба до Московскиот арбитражен суд, се вели во денешното соопштение на Банката на Русија.
Во соопштението не е наведен износот на побарувањата против депозитарот, пренесува ТАСС.
Централната банка објави дека ја донела оваа одлука „во врска со незаконските дејствија на депозитарот „Евроклеар“, како и поради механизмите официјално разгледани од Европската комисија за директно или индиректно користење на средствата на Банката на Русија без нејзина согласност.
„Дејствијата на депозитарот „Еуроклеар“ предизвикаа штета на Банката на Русија поради неможноста за управување со средства и хартии од вредност што ѝ припаѓаат на Банката на Русија“, изјави Руската централна банка, пренесува Интерфакс.
Банката на Русија има намера да оспори каква било директна или индиректна употреба на замрзнати средства во странство во сите расположиви инстанци, вклучително и во меѓународните организации, објави прес-службата на Банката на Русија, коментирајќи ги плановите на Европската комисија за користење на средствата на руската централна банка.
„Објавувањето и спроведувањето на прописите објавени на официјалната веб-страница на Европската комисија ќе подразбира безусловно оспорување од страна на Банката на Русија на какви било директни или индиректни дејствија што водат до некоординирано користење на средствата на Банката на Русија од страна на сите расположиви органи“, се вели во соопштението.











