
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во ноември 2025 година, во споредба со октомври 2025 година, се зголемиле во просек за 0,2 проценти, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Потрошувачките цени во ноември, во споредба со истиот месец од претходната година, се зголемија за 2,8 проценти, а во споредба со декември 2024 година, во просек се зголемија за 2,6 проценти.
Гледано по главните групи на производи и услуги класифицирани според намената на потрошувачката, во ноември месечно зголемување на цените е забележано во групите Образование (1,5 проценти), Транспорт (1,4 проценти), Здравје (1,3 проценти), Комуникации (1,0 проценти), Рекреација и култура (0,8 проценти), Облека и обувки (0,6 проценти), Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива и Ресторани и хотели (за по 0,4 проценти) и Алкохолни пијалоци и тутун (0,1 процент).
Месечен пад на цените е забележан во групата Храна и безалкохолни пијалоци (-0,7 проценти). Цените на другите производи и услуги не се променија значително.











