
Американските акции беа во минус на почетокот на вчерашното тргување, бидејќи клучните компании од областа на вештачката интелигенција забележаа пад на нивната вредност.
Така, берзанскиот индекс Dow Jones падна за 48 поени, или за 0,2 проценти, колку што падна и S&P 500, а Nasdaq за 0,5 проценти, објави CNBC.
Повеќето компании од секторот на вештачката интелигенција паднаа за време на денешната сесија, што особено важи за Broadcom и Oracle, кои загубија повеќе од четири проценти секоја.











