
Од 2026 година, продажбата на половни автомобили во Европската Унија ќе стане значително посложена. Новата регулатива воведува построги правила што би можеле особено да влијаат на приватните продавачи и помалите трговци. Правилата стапуваат на сила во 2026 година, а нивната цел е да го направат пазарот на автомобили поодржлив.
Нова регулатива на Европската Унија предвидува дека при продажба на половен автомобил, мора да се докаже дека возилото не се смета за возило на крајот од употребливост (End-of-Life Vehicle – ELV).
Овој доказ може да се добие на два начина. Првиот е извршување на технички преглед, по што се добива важечки сертификат за техничка исправност на возилото. Друга можност е проценка на состојбата на возилото од страна на независен судски експерт за моторни возила, пишува Elektroauto-news.net.
Без еден од овие два документа, почнувајќи од 2026 година, повеќе нема да биде можно да се регистрира возило, да се одјави или да се извезе во странство. Правилото важи за продажба преку дигитални платформи или преку овластени трговци, додека приватните продажби во моментов се ослободени од оваа обврска.
Со оваа регулатива, Европската Унија сака да воспостави кружна економија на возила. Вредните суровини, како што се литиумот, никелот и кобалтот, треба да се рециклираат поефикасно за да се намали зависноста од ограничени ресурси. Регулативата е усогласена со регулативата на ЕУ за батерии, која воведува задолжителни квоти за рециклирање за критични суровини од 2027 година, пренесува Телеграф.рс.
Дел од новата регулатива е таканаречената Дигитална циркуларна карта за возила (CVP), која ќе овозможи следење на потеклото и употребата на материјалите во возилото. Целта е да се осигура дека вредните суровини на крајот од животниот век на автомобилот завршуваат во овластени центри за отстранување.
Голем дел од половните автомобили на Балканот доаѓаат од Европската Унија – најчесто од Германија, Италија, Франција, Австрија и Белгија .
Од 2026 година:
– секое возило продадено или извезено од ЕУ мора да има доказ дека не е „возило на крајот од употребливоста,
– без технички преглед или проценка од судски вештак, возилото нема да може да се извезе.
Ова значи дека:
– помалку одржуваните, евтини или постари автомобили ќе имаат потешкотии да ја напуштат ЕУ,
– дел од возилата што претходно завршија на Балканот ќе бидат задржани за рециклирање во ЕУ,
– понудата на половни автомобили ќе се намали.
Речиси сигурно:
– помала понуда = повисоки цени,
– возилата што ќе се извезуваат ќе бидат во подобра состојба, но и поскапи,
– трошоците за технички преглед или експертска проценка во ЕУ ќе бидат вклучени во цената.
Со други зборови, купувачите од Балканот индиректно ќе платат за новите прописи, иако тие формално не се во сила во балканските земји.
Домашните увозници ќе:
– имаат помал избор на возила,
– ќе имаат повисоки трошоци за набавка.











