
Британскиот нафтен гигант БП денес ја назначи Мег О’Нил за нов извршен директор, додека претходната лидерка Мари Очинклос беше отстранета од челната позиција, каде што помина помалку од две години.
Мег О’Нил ќе ги преземе своите должности на 1 април 2026 година, а во меѓувреме компанијата ќе ја води директорката за трговија на БП, Керол Хоул, објавува Гардијан.
БП со тоа ќе го добие својот четврти извршен директор во последните шест години, а Мег О’Нил, поранешна извршен директорка на австралиската компанија Вудсајд Енерџи и поранешна долгогодишна извршна директорка во Ексон Мобајл, ќе стане првата жена што ќе го води БП во 116-годишната историја на компанијата.











