
Банката на Франција денес ги зголеми своите прогнози за економски раст и оцени дека втората најголема економија во еврозоната покажува отпорност и покрај долгиот период на политичка нестабилност и фискална неизвесност.
Според проекциите, растот на француската економија за 2025 година сега се проценува на 0,9 проценти, додека претходно се очекуваше 0,7 проценти, објавува Фигаро.
Во исто време, Централната банка на Франција ја зголеми својата прогноза за раст за 2026 година од претходните 0,9 проценти на еден процент.











