
Просечната октомвриска нето плата во Хрватска изнесуваше 1.470 евра, што е номинално повисока за еден процент, а реално за 0,4 проценти во споредба со септември, објави денес Хрватската државна служба за статистика (ДЗС).
На годишно ниво, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 9,7 проценти, а реално за 5,9 проценти во споредба со октомври 2024 година.
Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за октомври 2025 година, како и во претходниот месец, е исплатена во категоријата воздушен транспорт и изнесува 2.397 евра.











