
Од 1 февруари, градот Рим ќе воведе влезници за шест музеи и места кои досега беа бесплатни за посетителите, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.
Како што изјави на прес-конференцијата, влезницата ќе им се наплаќа на туристите за Фонтаната Треви, и тоа само за пристап до просторот пред базенот, со билет од две евра, објави италијанскиот весник „Соле 24 Оре“.
Гвалтиери прецизираше дека од 1 февруари сите музеи и локалитети под надлежност на градот Рим ќе бидат целосно бесплатни за жителите на Рим и римската метрополитенска област.
Тој изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.











