
Данската национална поштенска служба ќе престане да доставува писма на 30 декември, со што ќе заврши традиција долга повеќе од 400 години.
„ПостНорд“, компанија основана во 2009 година со спојување на шведската и данската поштенска служба, го објави ова претходно оваа година, наведувајќи го намалувањето на употребата на писма и порастот на дигиталната комуникација.
Компанијата објави дека ќе укине 1.500 работни места и ќе отстрани 1.500 црвени поштенски сандачиња во Данска.
„ПостНорд“ ќе продолжи со своите операции за достава на пакети и писма во Шведска.
„Ние сме данска поштенска служба веќе 400 години и затоа е тешка одлука да се стави крај на тој дел од нашата историја“, рече Ким Педерсен, заменик-извршен директор на „ПостНорд Данска“.
Таа додаде дека денес пазарот на писма повеќе не е профитабилен.











