Србија: Просечната плата достигна 942 евра, програмерите заработуваат по 2.500 евра месечно

Просечната бруто плата пресметана за октомври 2025 година изнесуваше 153.153 динари, (1.304 евра) додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 110.670 динари, (942 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто заработката во периодот јануари-октомври 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11,3 проценти, односно реално 6,9 проценти, додека просечната нето плата беше повисока за 11,2 проценти номинално, односно реално 6,8 проценти.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за октомври 2025 година е номинално повисока за 12,5 проценти, а реално за 9,4 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 12,3 проценти, односно реално 9,2 проценти.

Највисоките заработки во просек сè уште се во областа на компјутерското програмирање – 290.824 динари нето (2.477 евра).