Извршниот директор на Apple, Тим Кук, го дуплираше својот удел во Nike

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, купи акции на производителот на спортска опрема „Најк“ за околу три милиони долари, што речиси го дуплираше неговиот личен удел во компанијата и испрати сигнал за поддршка на стратегијата за закрепнување што ја спроведува нејзиниот извршен директор Елиот Хил.

Според регулаторното поднесување, Кук купил 50.000 акции по цена од 58,97 долари по акција, а на 22 декември поседувал околу 105.000 акции на „Најк“.

Тим Кук е член на извршниот одбор на „Најк“ од 2005 година и има блиски односи со основачот на компанијата, Фил Најт, па затоа неговото купување акции претставува силен импулс за другите акционери.