Индустриските цени во пораст- Годишен скок од 4,6 % на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0.3 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар во ноември 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %.

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.6 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 6.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за:

  • 0.3 % во однос на претходниот месец
  • 4.6 % во однос на истиот месец од претходната година