Просечната нето плата во Црна Гора достигна 1.018 евра

Просечната бруто плата во Црна Гора во ноември 2025 година изнесувала 1.214 евра, додека просечната нето плата била 1.018 евра, објави Управата за статистика Монстат.

Според податоците на Монстат, просечната нето плата во ноември, во споредба со октомври 2025 година, е зголемена за 0,2 проценти, додека во споредба со истиот месец од претходната година е забележан раст од 2,5 проценти.

Имајќи предвид дека потрошувачките цени во ноември 2025 година во споредба со октомври забележаа пад од 0,4 проценти, следува дека реалните плати се зголемиле за 0,6 проценти во тој период.