
Охридскиот аеродром ‘Св. Апостол Павле’ конечно е легализиран! После повеќе децении работа без комплетна документација, вицепремиерот Александар Николоски денеска објави дека објектот конечно доби имотен лист.
“На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот Аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, напиша Николоски.













