Белупо ќе инвестира 50 милиони евра во две нови фабрики

58

belupoУправата и Надзорниот одбор на Подравка, му одобрија денес на Белупо изградба на две нови фабрики, а вредноста на инвестицијата е околу 50 милиони евра во следните три години, објави Подравка, пренесуваат хрватските медиуми.

Фармацевтската компанија Белупо во новите фабрики ќе произведува полутврди и течни, како и тврди лекови. Се очекува новите фабрики да почнат со работа во првиот квартал од 2017 година.

Белупо веќе има две фабрики во Копривница за тврди и полутврди фармацевтски облици – креми, масти и гелови, изградени во 1999 и 2004 година, кои заедно со новите лабортории за контрола на квалитетот и магацинскиот простор претставуваат најсовремени производствени погони. Новите фабрики ќе бидат изградени веднаш до постоечките производствени погони во индустриската зона Копривница.