
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,73 поени, додека вчера во ова време беше 98,55 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 156,45 на 156,80 јени. Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1680 долари, додека вчера во ова време беше 1,1695 долари. Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми утрово за 0,45 проценти, на 60,25 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,46 проценти, на 56,25 долари.











