Доларот во пад, златото со историски рекорд над 4.600 долари

На валутните пазари,  индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна утрово за 0,2 проценти, на 99,01 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,1 процент, на 158,15 јени.

Сепак, американската валута ослабе во споредба со европската за 0,2 проценти, па цената на еврото достигна 1,1655 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, продолжија да растат од минатата недела, кога зајакнаа за повеќе од 3 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,11 проценти, на 63,40 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,12 проценти, на 59,20 долари.

Цената на златото над 4.600 долари
Цената на унца злато утрово се зголеми за повеќе од 2 проценти, пробивајќи се над 4.600 долари за прв пат во историјата, што е најмногу последица на геополитичките тензии во врска со Венецуела, Гренланд, Иран, Тајван…