
Руската енергетска компанија „Газпром“ објави дека на 10 јануари поставила историски рекорд за дневни испораки на гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ и забележала дека испораките во 2025 година ги надминале договорните обврски за речиси 800 милиони кубни метри.
Тој гасовод, со извозен капацитет од 38 милијарди кубни метри гас годишно, претставува најголем систем за транспорт на гас на истокот од земјата, јавува руската новинска агенција ТАСС.
Првите испораки на руски гас во Кина преку овој гасовод започнаа во декември 2019 година, како дел од триесетгодишен договор потпишан во 2014 година помеѓу „Газпром“ и кинеската компанија CNPC (Кинеска национална нафтена корпорација).











