
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.5 % во ноември 2025 година во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во ноември 2025 година, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 4.6 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %.
Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 6.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.5 %.











