
Лидерите на глобалните централни банки денес го поддржаа претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп го засили притисокот врз американската централна банка.
Во заедничката изјава се наведува дека независноста на централните банки е основа на ценовната, финансиската и економската стабилност и дека е од суштинско значење да се зачува таа независност во интерес на граѓаните, објавува Блумберг.
Овој вид координирана поддршка од централните банки е исклучително редок и обично се гледа само во глобални кризи, како што се финансискиот колапс од 2008 година или пандемијата.











