Промена во сопственичката структура на „Реплек“: „Настел“ продаде дел од своите акции

Фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“ информираше за промена кај еден од своите акционери со значителен удел. Имено, градежната компанија „Настел ДООЕЛ“, која поседува над 5% од капиталот на друштвото, отуѓи дел од својот акционерски пакет.

Согласно официјалното известување до Македонската берза, „Настел“ продаде 88  акции.

По оваа трансакција, компанијата сега поседува вкупно 15.178 акции, што претставува удел од 5,86% од вкупниот број акции на „Реплек“.
Просечната цена по која се тргува денес акцијата на Реплек изнесува 16.300,00 денари.