Фолксваген забележа пад на продажбата во 2025 година

Германската групација „Фолксваген“  објави дека глобалната продажба на нивниот бренд со исто име во 2025 година се намалила за 1,4 проценти на 4,73 милиони возила, главно поради послабата продажба во Кина и САД.

Во Кина, испораките се намалиле за 8,4 проценти на 2,02 милиони возила, делумно поради силната конкуренција од локалните производители на електрични автомобили.

Дополнително, во САД, падот бил 8,2 проценти, на 544.000 возила, а компанијата изјавила дека послабиот резултат делумно се должи на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Виршафтсвохе“.

Спротивно на тоа, во Европа продажбата се зголеми за 5,1 процент на 1,32 милиони возила, додека во Јужна Америка е забележан уште посилен раст од 18,5 проценти на 568.000 возила.

Продажбата на електрични модели ID остана речиси непроменета, со испорачани 382.000 возила, што е мало намалување од 0,2 проценти во споредба со 2024 година.

Во Европа, продажбата на електричните модели на Volkswagen се зголеми за речиси 50 проценти на 248.000 возила, а во Германија е забележан раст од повеќе од 60 проценти, на 94.000 автомобили.

Во 2025 година, продажбата на автомобили на целата групација Volkswagen се намали за 0,5 проценти, според претходен извештај