
Минатата година, обновливите извори на енергија учествуваа со 47,5 проценти во бруто потрошувачката на електрична енергија во Европската Унија, што претставува раст од 2,1 процент во споредба со 2023 година, објави Евростат.
Уделот на обновливите извори е речиси тројно зголемен во споредба со 2004 година, кога изнесуваше само 15,9 проценти.
Најголемиот дел од електричната енергија од обновливи извори минатата година дојде од ветер 38 проценти и хидроенергија 26,4 проценти, што заедно сочинуваат речиси две третини од вкупната потрошувачка.











