Во ноември, еврозоната забележа суфицит од 9,9 милијарди евра во трговијата со стоки

Според првите прелиминарни проценки, Еврозоната забележа суфицит од 9,9 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот во ноември минатата година, објави денес Евростат.

Резултатот е помалку поволен отколку во ноември 2024 година, кога суфицитот изнесуваше 15,4 милијарди евра, се додава во извештајот.

Вредноста на извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во ноември 2025 година изнесуваше 240,2 милијарди евра, што претставува намалување од 3,4 проценти на годишно ниво, додека увозот во исто време се намали за 1,3 проценти на годишно ниво на 230,3 милијарди евра.