Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп  објави воведување царини од 10 проценти за осум европски земји, кои се спротивставуваат на неговата намера Соединетите Американски Држави да го купат Гренланд.

Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social изјави дека царините од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, кои испратија свои војници на територијата откако тој објави дека сака САД да го преземат Гренланд, пренесува Ројтерс.

Според него, тие царини ќе се зголемат на 25 проценти од 1 јуни и ќе продолжат да важат сè додека не се постигне договор за купување на Гренланд, кој е данска автономна територија.