Жените избраа шест автомобили, од кои еден ќе биде прогласен за најдобар

Жирито Women’s Worldwide Car of the Year (WWCOTY), составено од 84 женски автомобилски новинарки од 54 земји, го заврши првиот круг на гласање и ги објави победниците во категориите.

Меѓу нив се шест модели кои влегуваат во финалето и се борат за титулата Светски автомобил на годината 2026, избрани од жени.

На овогодинешното, 15-то издание на наградите WWCOTY, учествуваа 55 нови модели, а беа земени предвид безбедноста, технологијата, карактеристиките на возење, удобноста, ефикасноста и вредноста за парите.

Сите возила мораа да бидат достапни за продажба на најмалку два континента или 40 земји во текот на 2025 година. По возење илјадници километри и темелно тестирање на секој кандидат, Женскиот светски автомобил на годината ги избра следниве возила како најдобри во светот во нивните соодветни категории:

Компактен автомобил: Nissan Leaf
Компактен SUV: Skoda Elroq
Лимузина: Mercedes-Benz CLA
Голем SUV: Hyundai Ioniq 9
4×4: Toyota 4Runner
Спортски автомобил: Lamborghini Temerario

Шест победници во категориите се пласираа во финалето, каде што ќе се одлучи конечниот победник. Победникот ќе биде објавен на YouTube каналот WWCOTY во текот на неделата на Меѓународниот ден на жената, 8 март.
Фото: Printscreen