
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува тарифи поврзани со Гренланд по, како што рече, „многу продуктивниот“ состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „тие воспоставија рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“.
Американскиот претседател додаде дека ова „решение“ ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО. „Врз основа на тоа разбирање, нема да воведувам тарифи што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, рече Трамп.
Тој додаде дека понатамошните дискусии за проектот Златна купола ќе продолжат.
„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме рамка за иден договор во врска со Гренланд, но всушност и за целиот арктички регион. Ова решение, доколку се склучи, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји-членки на НАТО.
Врз основа на тоа, нема да воведам царински давачки што требаше да стапат на сила на 1 февруари. Во тек се дополнителни дискусии за проектот „Златна купола“ во контекст на Гренланд. Повеќе информации ќе бидат објавени како што напредуваат дискусиите.
Потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други, по потреба, ќе бидат задолжени за преговорите – и ќе ми известуваат директно мене. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп на Truth Social.











