Германските економисти советуваат повлекување на државното злато од американските трезори

Неколку економисти ја повикаа германската влада да го повлече своето злато, вредно милијарди евра, од американските државни трезори, наведувајќи дека имало промени во трансатлантските односи и дека треба да се земе предвид непредвидливоста на американскиот претседател Доналд Трамп.

Германија има втори најголеми национални резерви на злато во светот, по Соединетите Американски Држави, од кои приближно 1.236 тони злато, кои вредат 164 милијарди евра, се складирани во Њујорк, објавува  „Гардијан“.

Меѓу оние кои ја повикаа владата да го повлече германското злато од САД беше и поранешниот раководител на истражувањето во Бундесбанк, Емануел Ман, кој рече дека е премногу „ризично“ да се чува злато во САД под сегашната администрација.